Грчева: ВМРО-ДПМНЕ беше патрон на Левица

од Nikola Popovski
218 прегледи

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева за емисијата „Само вистина“ изјави дека тие како партија се запрашале всушност дали воопшто вреди да се излезе на овие избори.

„Ние сме млада партија и ова ни беше прво излегување на избори. Сметам дека во услови на епидемијата, крајно неодговорно беше да се организираат избори, не е толку за изборниот ден, колку за предизборните активности, кои ќе не чинат овие бројки што ги гледаме. Второ, луѓето едвај чекаа негде да се мрднат, да прошетаат макар и во рамки на Македонија. Ние знаевме дека нема да има голема излезност и ќе излезат клиентите на трите големи партии, оние кои се задолжени , кои што добивале функции“, вели Грчева и дополни дека ова е осиромашен народ, што лесно може да биде корумпиран, и материјалтно и морално.

На прашањето за успехот на партијата Левица на овие избори, Грчева изјави дека партијата имала патрон, а тоа бил партијата ВМРО-ДПМНЕ.