Грчката фирма се уште не објаснила зошто не го продолжила договорот за „Чебрен“

од Nikola Popovski
436 прегледи

Грчката фирма „Архиродон“ до денеска се уште не одговорила зошто не го продолжила договорот и не ја продолжиле банкарската гаранција. Според министерката за животна средина, Каја Шукова, следните чекори се поништување на тендерот.

-Веќе подготвуваме одлука за наредната седница на Влада, ќе оди информација за поништување и затворање на процесот за Чебрен, рече денеска Шукова пред панел-дискусијата „Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“.

Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за изградба на хидроцентралата Чебрен.

ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.

Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек.

Слични содржини