Светски познатиот гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа на најдобри кујни во светот. Сите кујни се рангирани врз основа на гласовите на публиката, а се оценуваат врз основа на состојките, специјалитетите и пијалоците кои се незаменлив дел од гастрономијата.
Грчката кујна е прогласена за најдобра во светот за 2024 и 2025 година, надминувајќи ја глобалната омилена италијанска и француска кујна. Свежите состојки на грчката кујна и го обезбедија првото место на светската кулинарска сцена. Списокот е создаден врз основа на 477.287 потврдени рецензии кои опфаќаат 15.478 јадења во обемната база на податоци на платформата.
Грчката кујна е позната по своите автентични и колоритни вкусови, а ова признание само ја потврдува нејзината важност на глобалната кулинарска сцена. Употребата на свежи и локални состојки, како што се маслиново масло, маслинки, фета сирење, зеленчук, риба и ароматични зачини, ја прави омилена меѓу љубителите на храна ширум светот.
Традиционалните јадења како што се сувлаки, мусака, зазики и салата со хоријатики го симболизираат балансот на едноставноста и богатството на вкусот. Taste Atlas ги издвои некои од најпознатите локални производи во Грција, вклучувајќи ги ф’стаците од Егина, гравот од Санторини и портокалите од Ханија.
Грчки специјалитети кои добија меѓународно признание:
– Бугаца е рангирана на 11 место меѓу најдобрите појадоци во светот
– Солунската торта тригона панораматос минатата година е прогласена за втор најдобар десерт во светот
– саганаки беше прогласен за најдобро јадење на база на сирење во светот.
На второ место е италијанската кујна, а третото и четвртото се мексиканската и шпанската кујна. Првите десет беа заокружени со кулинарските традиции на Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Кина и Јапонија.
Интересно е да се напомене дека од регионот, српската кујна е на 15-то место, Хрватска е на 17 место, Македонија е на 47 место, Словенија е на 56 место, Босна и Херцеговина е на 68 место, додека Црна Гора е на 83 место.