Грчката полиција започна да депортира стотици мигранти, наредени на границата со Македонија, објави Ројтерс. Околу 1.200 лица, претежно од Пакистан, Мароко и Иран се заглавени крај северното грчко село Идомени, и инсистираат да влезат во Македонија на нејзиниот пат кон Западна и Северна Европа.
По неколку недели сите страните во балканскиот правец престанаа да пропуштаат мигранти од земји во кои нема воен конфликт. Македонија подигна и жица долж границата, а планира да ја прошири до 40 километри.
Грчката полиција официјално извести дека додека трае акцијата во Идомени која е насочена во одстранувањето на економските мигранти од времениот камп кај кота 59, нема да пропушта бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан кон Македонија.
Оневозможено е и движењето по железничката линија меѓу двете земји, како и преминувањето на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, кои им се дозволува влез од властите.
Планот на грчките власти е да сместат мигрантите во бегалски центри, а потоа да ги испратат кон нивните матични земји. Во последните две недели на грчко-македонската граница избувнаа бројни судири меѓу закотвените е мигранти и македонската полиција. Минатата недела еден Мароканец почина од струен удар откако се беше качил врз запрен вагон . Минатата недела Грција побара дополнителна помош од ЕУ за справување со миграциските бранови.
Повеќе од 600 000 лица влегле во земјата оваа година, тргнувајќи најопасното едрење од Турција до грчките острови во Егејското Море. Над 3000 мигранти и се удавија, а само во последните 48 часа морето проголта над 20 лица, меѓу кои 10 деца