Грчката полиција уапси уште пет хрватски хулигани кои со брод се обиделе да побегнат во Италија

од Nikola Popovski
299 прегледи

Ситуацијата по убиството на навивач на АЕК се уште не е смирена, а полицијата која создаде серија протести сега работи на расветлување на тешкото кривично дело. Вчера следеа серија апсења, а според последните информации уапсени се уште пет хрватски навивачи кои се обиделе да побегнат од Атина.

Наводно, Хрватите биле забележани во пристаништето „Игуменица“, додека наводно се качувале на брод за Италија.

Најпрво биле однесени во зградата на полицијата, каде што истрагата покажала дека учествувале во големиот инцидент, кој заврши со смрт на 29-годишниот навивач на АЕК.

Како што пренесуваат грчките медиуми, уапсените по истрагата на посебен начин ќе бидат префрлени во Атина. Во вторникот бил уапсен и 19-годишен Хрват, кој бил забележан како сака да патува со автобус за Албанија, а се сомничи дека бил вмешан во убиството во населбата Неа Филаделфија.

Во текот на денот сите претходно уапсени хулигани ќе бидат изведени пред обвинител каде, според грчките медиуми, се соочуваат со кривична пријава.

Слични содржини