Грчката влада ги повика поделените земјоделци што протестираат на преговори

Земјоделците од Никаја, град јужно од Лариса соопштија дека Владата не успеала да даде суштински одговори и предупредија дека ќе го заострат својот став по Нова Година доколку не се постигне напредок

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/TRT World

Грчката влада денес ги повика земјоделците на преговори, по иницијатива на 18 групи демонстранти и задруги за започнување дијалог.

Портпаролот на тамошната Владата, Павлос Маринакис рече дека е охрабрувачки што се повеќе претставници на земјоделците што протестираат ја препознаваат потребата од дијалог, додавајќи дека решенијата можат да дојдат само од искрени разговори, објавува „Катимерини“.

Маринакис изјавил дека владата ги повикува земјоделците на преговори од самиот почеток и истакна дека повеќето од нивните барања веќе се решени преку неодамнешните мерки, со исплата на надоместоци според планот.

Тој ги повика оние што одбиваат дијалог да го напуштат она што го нарече „стерилен конфликт“ што го оптоварува општеството.

Сепак, иницијативата на 18-те групи беше критикувана од други демонстранти, особено во Тесалија, главниот земјоделски регион на Грција.

Земјоделците од Никаја, град јужно од Лариса соопштија дека Владата не успеала да даде суштински одговори и предупредија дека ќе го заострат својот став по Нова Година доколку не се постигне напредок.

Во меѓувреме, сообраќајот сè уште е попречен од блокади на патиштата.

Слични содржини