Грчката влада ќе потпише меморандум со Чеферин и Кларк за реформи во грчкиот фудбал

од Aleksandar Petrovski
199 прегледи

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин и потпретседателот на ФИФА Грег Кларк од доцна синоќа се во Атина, а денеска ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за да потпишат договор со владата за реформи во грчкиот фудбал.

Чеферин и Кларк вчера се сретнаа со претседателот на грчката фудбалска федерација Евангелос Граменос и разговарале за ситуацијата со фудбалот во Грција.

Претседателот на УЕФА, по средбата, за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека смета дека се во правилна насока и изрази оптимизам дека ќе се подобри ситуацијата, а „Грција ќе биде во иста ситуација како во 2004 година, кога стана европски шампион“.

– Не ми се допаѓа изразот Грегзит бидејќи има негативно значење, но треба да ги решиме проблемите, затоа што оваа опасност секогаш постои. Сигурен сум дека нема да се случи, се надевам дека нема да се случи, но секоја страна треба да ја заврши својата работа, рече Чеферин.

Слични содржини