Грчки државјанин нудел поткуп од пет евра на полицаец

од Nikola Popovski
319 прегледи

Вчера (10.09.2023) во 20.10 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Имено, Г.К. кој управувал товарно возило “сканија” со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

Слични содржини