348
Спортскиот коментатор на грчката државна телевизијата ЕРТ, доби отказ затоа што упати расистички коментар за јужнокорејскиот тенисер на маса за време на преносот на натпревар од Олимписките игри во Токио.
Истакнатиот грчки новинар Димотенис Кармирис за време на дуелот меѓу Јужнокореецот Јеонг Јанг-сик и гркот Панајотис Гионис рече дека не разбира „како Кореец ја гледа топката затоа што очите му се тесни“.
Телевизијата ЕРТ неколку часа подоцна објави дека ставила крај соработката со новинарот.
„Расистичките коментари немаат место на јавната телевизија“, се вели во соопштението на ЕРТ.
„Соработката помеѓу ЕРТ и Димотенис Кармирис беше прекината денес, веднаш по утринската емисија.
Јеонг го совлада Гионис со 4: 3.