Грчки министер се закани со конфискација на германски имот заради репарациите

од desk3
95 прегледи

Грчкиот министер за правда Никос Параскевопулос денеска изјави дека е подготвен да се спроведе судска одлука, која им овозможува на властите во Атина да конфискуваат германски имот, за да компензираатза жртвите на нацизмот во мало грчко село, соопшти агенцијата “Ројтерс”.

zx450y250_2489313

Во вторникот премиерот Алексис Ципрас обвини голем број германски влади дека користеле законски трикови за да не плаќаат репарации за нацистичката окупација на Грција и изјави дека ќе ги поддржи напорите за добивање на бенефиции.

Пред телевизија Mega TV Параскевопулос изјави дека одлуката на Врховниот суд од 2000 година е сеуште валидна. Тоа овозможува конфискација на германскиот имот, за да се обесштетат блиските на 218 Грци кои загинаа во село Дистомо. Решението мора да биде поддржано од страна на министерот за правда, за да взезе во сила, а претходниците на Параскевопулос беа против, бидејќи тоа ќе доведе до проблеми со Берлин.

“Подготвен сум да го потпишам решението. Премиерот е свесен за моите погледи за случајот”, рече Параскевопулос. На прашањето кога ќе се случи тоа, тој вели: “Кога политичкото време ќе созрее”.

Германија реагираше во вторникот и категорично ги отфрли барањата на Грција за исплата на репарации. “Цврсто веруваме дека прашањето со репарациите и надоместокот е законско и политички овластено”, изјави портпаролот на канцеларката Ангела Меркел Штефен Зајберт. “Треба да се концентрираме на сегашните проблеми и, да се надеваме на подобра иднина”, додаде тој.

Властите во Берлин постојано нагласува дека случајот со репарациите од Втората светска војна е решен при преговорите по обединувањето на Германија во 1990 година Тие тврдат дека позицијата на новата грчка влада е да го заврти вниманието во јавноста од сериозните финансиски потешкотии на Атина.

“Ројтерс” забележува дека одлуката на Врховниот суд се однесува само за случајот во Дистомо каде нацистите спроведоа двочасовен масакр и убиле мажи, жени и деца како одговор на напад од силите на отпорот. Стотици други населби беа уништени, илјадници цивили убиени, а исто тала Централната банка била ограбена за време на нацистичката окупација.