Грчкиот Врховен суд реши дека бегалците можат да бидат вратени во Турција

од Vladimir Zorba
78 прегледи

  Грчкиот Врховен суд денеска реши дека бегалците што сега се наоѓаат во Грција, можат да бидат вратени во Турција, согласно договор што минатата година беше склучен меѓу Европската унија и Анкара. 

Со одлуката, се отфрлаат жалбите на двајца Сиријци, на кои им биле одбиени барањата за азил во Грција, против наредбата за нивна депортација во Турција. Тие бараа да не бидат вратени во Турција со образложение дека таа не е безбедна земја.

За случајот, што може да влијае врз судбината на илјадници бегалци во Грција, Судот пресуди дека депортираните бегалци не се изложени на опасност од тортури, нехуман или понижувачки односи или казни во Турција.