Грчките медиуми за Мизрахи и таблата со старото име

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“; „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Северна Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната“ табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија). Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, пишува грчката новинска агенција во текстот под наслов „Северна Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата“ што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.

Слични содржини