Грција испрати хуманитарна помош за Турција

од Radmila Tasevska
136 прегледи

Грција денес испрати илјадници шатори, кревети и ќебиња во Турција како дел од хуманитарната помош по земјотресите во таа земја и Сирија во кои загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици илјади останаа без покрив над главата.

Атина планира да обезбеди вкупно 80 тони хуманитарна помош, која покрај ќебиња, кревети и шатори, ќе вклучува и медицинска помош, соопшти Министерството за цивилна заштита на Грција.

Дел од помошта веќе пристигна во Турција порано денес, а остатокот се очекува да биде доставена утре до крајот на денот, пренесува Ројтерс.

Слични содржини