Грција е најзадолжена во ЕУ

од Симе Стоиков
287 прегледи

Јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, објави денеска Евростат.

Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување за 0,7 процентниво однос на претходниот квартал.

Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, а јавниот долг на Европската унија за 1,7 отсто. Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година го сочинуваа обврзниците, поточно 83,4 отсто во еврозоната и 82,9 отсто во Европската унија.

Најзадолжена земја во Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137,3 отсто од БДП, како и Франција со долг од 110,6 отсто. За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.

Слични содржини