Грција ги менува правилата: Нема повеќе „забранети“ плажи

од Nikola Popovski
804 прегледи

Грчката влада одлучи да им застане на патот на преполните плажи со многу лежалки и угостителски објекти. Најавуваат дека повеќе нема да има плажи на кои туристите не можат сами да си поставуваат чадори и пешкири.

-Новите правила налагаат половина од површината на плажата да биде достапна за секого, додека другата половина да има лежалки и чадори што им припаѓаат на кафулињата и хотелите, објаснил директорот на српската Национална асоцијација на туристички агенции, Александар Сеничиќ.

Досега на повеќето плажи во Грција беше практика да не се плаќа за користење на лежалки со чадор, туку задолжително да се консумира нешто од кафулето.

Од 1 јануари Грција воведе промени во даноците за престој, кои сега се движат од 1,5 до 10 евра.

Слични содржини