Министерот за економија на Грција Јоргос Статакис изјави дека ограничувањата врз движењето на капиталот во најдобар случај ќе дејствуваат во земјата уште два месеци, пренесе агенцијата Ројтерс.

Според него, банките можат да ги отворат вратите за населението уште следната недела, ако за време на викендите Грција постигне договор за обезбедување на финансиска помош од тројката кредитори (ЕК, ЕЦБ и ММФ). И со договорот сепак, ограничувањата за влечењето на готовина и извоз на капитал зад граница ќе останат на сила. Претходно беше соопштено дека брзината на истекување на средства од Грција достигна 100 милиони евра во ден.