Грција го осуди терористичкиот напад во Анкара и изрази солидарност со Турција

од Radmila Tasevska
218 прегледи

Министерството за надворешни работи на Грција, преку Х го осуди терористичкиот напад во Анкара и изрази солидарност со турскиот народ и турската Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција најостро го осудува денешниот терористички напад во Анкара. Ја изразуваме нашата солидарност со народот и Владата на Турција и им посакуваме брзо закрепнување на повредените, напишаа од грчкото МНР.

Слични содржини