Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека спасила 48 мигранти кои со гумен чамец се обиделе илегално да влезат во Грција.
Во утринските часови патролен чамец на крајбрежната стража лоцирал за време на својата редовна патрола во морската област Агриели, кај Лезбос, гумен чамец со голем број луѓе во него, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Екипажот на бродот на крајбрежната стража изврши безбедна евакуација и спасил 48 странци, кои биле пренесени до пристаништето во Митилена.