Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјави дека земјата нема да бара трет спасувачки пакет, а прашањето како Атина да враќа огромниот долг е се уште на масата за преговори со европските кредитори, соопштија американските медиуми.
“Некои сметаат на трет спасувачки пакет, на можноста за трет спасувачки заем во јуни. Жал ми е, но повторно ќе ги разочараме. Нека заборават за тоа. Грчкиот народ стави крај на спасувачките заеми со својот глас”, рече Ципрас на седницата на владата, цитиран од Ројтерс.
Левата влада беше избрана минатиот месец со ветување да ги укине мерките за штедење наметнати според договорот за финансиска помош во износ од 240 милијарди евра, доделен од земјите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.
