Грција олесни дел од капиталните ограничувања

од desk3
81 прегледи

Грчките финансиски власти gi олеснија капиталните ограничувања, овозможувајќи им на фирмите да прават плаќања во странство и олеснување na правилата за количеството пари што Грците можат да ги носат за време на патување, соопшти ДПА. Строгите мерки беа воведени на 29 јуни, бидејќи банките остануваа без пари и земјата се обидуваше да постигне договор со меѓународните кредитори за да добие екстра пари за спасувачка програма.

баки грц

 

По измените на указот на Министерството за финансии, Грците можат да носат до 2000 евра, кога патуваат во странство, или два пати повеќе од претходниот лимит. Бродските компании, пак, добиваат дозвола да повлекуваат до 50 000 евра дневно.

Банката на Грција го зголеми двојно и лимитот на трансфери во странска валута за бизнисот, а тој веќе е 100 000 евра. Јанис Стурнарас, шеф на Банката на Грција, за новинарите изјави дека промените ќе покријат 70% од трансакциите.

Грчките банки отворија во понеделникот, откако Европската централна банка го одобри зголемувањето на лимитите на итната ликвидност, која ја исплаќа на Грција. Мостовиот заем од 7,16 милијарди евра, исто така и овозможи на владата да плаќа на доверителите за време на преговорите за третиот спасувачки план за земјата.