Грција по убиството на навивачот носи одлука која може засекогаш да го промени светот на фудбалот

од Nikola Popovski

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, објави одлука која може суштински да го промени светот на фудбалот по трагедијата што се случи пред натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб во Атина.

Тогаш беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис кој беше избоден, а Мицотакис по средбата со Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, министрите на грчката влада, како и сопствениците на фудбалските клубови Олимпијакос, Панатинаикос. , АЕК и ПАОК, истакнал дека навивачките групи повеќе нема да постојат:

Ги затвораме. Секој тим ќе има само еден фан клуб, а тој ќе биде сместен во самиот клуб, најавил Мицотакис.

Потсетуваме, по трагедијата во Атина беа уапсени 105 лица, од кои 102 Хрвати, а сите се во истражен затвор до судење.

Засега не е познато како ќе изгледа сето ова во пракса, а не би било изненадување ако по нивните стапки тргнат и некои други земји од Европа, бидејќи хулиганството на „стариот континент“ повторно зема замав.

Слични содржини