Грција почна да се пресметува и со светските медиуми, Financial Times пишува дека земјата се подготвува за банкрот

од desk3
131 прегледи

Грција се подготвува да прогласи банкрот по долгот, во случај ако не успее да постигне договор со доверителите, информира Financial Times.

zx450y250_2507887 (1)

Ликвидни средства на Владата завршуваат, и таа се соочува со тешкотии да ги исплаќа пензиите и платите во јавниот сектор. Поради оваа причина владејачките од екстремна партија СИРИЗА се одлучиле да ја прекинат исплатата на 2,5 милијарди долари, кои треба да бидат исплатени во мај и јуни на Меѓународниот монетарен фонд, во случај ако не биде постигнат договор.

“Близу сме до крајот … ако Европејците не ги пуштат средства, нема алтернатива на банкрот”, вели за весникот претставник на владата. Financial Times наведува дека тоа ќе е невиден шок за еврозоната едвај пет години откако Атина доби спасувачки средства од ЕУ и ММФ, чија вкупна сума до денес достигнува 245 милијарди евра.

Заканата од банкрот може и да е трик во преговорите, кој ќе помогне за постигнување на максимално добри услови за грчката влада, но и покрај тоа нагласува најголемите проблеми на државната каса остануваат, пишува весникот. Европските влади исто така се подготвуваат за такво сценарио.

На краток рок банкротот најверојатно ќе доведе до прекин на финансиската помош за грчките банки од ЕЦБ, односно затворање на банки и воведување на контрола на капиталот.

Иако ова нема да значи автоматски излез на Грција од еврозоната, банкротот ќе го направи многу повеќе неостварливо спроведувањето на предизборните ветувања од Владата на Алексис Ципрас.

Германија, како и другите земји од еврозоната, тврдат дека монетарната унија е доволно стабилна за да се задржи дури и по банкрот на Грција, но признаваат дека во овој случај ќе се најдат во непознати води.

Во понеделникот Министерството за финансии ја истакна желбата на доверителите да склучат договор со доверителите. “Продолжуваме постојано да бараме заемно корисно решение, во согласност со желбите на избирачите “, соопшти министерството.

Во понеделникот преговорите меѓу Атина и кредиторите продолжија ,а фокусот им беа фискалните мерки, буџетските параметри и приватизацијата, кои според партнерите на Грција се услов за доделување на средства.

Овој месец Владата има потреба од 2,4 милијарди евра за исплата на пензии и плати во јавниот сектор. На 1 мај треба да бидат исплатени 203 милиони евра на ММФ, а на 12 мај – 770 милиони евра. Плаќањата кон институцијата во јуни изнесуваат 1,6 милијарди евра.

Дел од причината за буџетската криза во Грција е задржувањето на 7,2 милијарди евра, што земјата мораше да ги добие минатата година, но доцнењето на структурните реформи стана причина тие да не бидат доделени.

Денес грчката влада го демантира тврдењето на Financial times дека се размислува банкрот. “Грција, повторно разочарани некои и не се подготвува за никаков банкрот -нејзини доверителите исто така. Преговорите се во полн замав и со цел заемно решение”,го цитира РБК соопштението на владата.