Реформскиот план на Грција може да вклучува 12 милијарди евра кратења на трошоците и зголемување на даноците – со неколку милијарди евра повеќе од очекуваното, соопштуваат грчките медиуми, пренесува “Гардијан”.

Грчките медиуми Enikos забележува дека наместо да се забележи раст од 0,5% оваа година, месеците на несигурност и обложената за речиси две недели контрола врз капиталот тоа значи “рецесија од околу 3% “.
” Се проценува дека мерките од 8 милијарди евра, кои Грција ги претстави за 2015 година и 2016 година ќе треба да бидат зголемени со 2 милијарди евра годишно , на тој начин се зголемуваат до 12 милијарди евра за две години “, пишува Kathimerini.
Весникот Naftemporiki излегува со детали за предлозите: ќе биде зголемен данокот на добивка од 26% до 28%; зголемување на ДДВ-то за луксузни стоки од 10 на 13%; зголемување на ДДВ-то за преработена храна, ресторани, транспорт и некои здравствени услуги до 23% од 13% и зголемување на ДДВ-то за хотелите од 6,5% до 13%.
Грчките острови ќе продолжат да уживаат даночни олеснувања на што доверителите инсистираат да се промени.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјави во кратката кампања пред референдумот да го отфрлат пакетот од штедење во износ од 8-9 милијарди евра, а сега сака да спроведе програма која вклучува 12 милијарди евра намалување на трошоците.
Во исто време се истакнува дека француски експерти и помагаат на Атина да подготват реформи за да добие меѓународна спасувачка програма.
Дописникот на “Гардијан” во Грција Елена Смит информира дека грчката Влада се надева на француската врска во подготовката на програмата. Париз испрати тим од технократи, за да им помогнат на министерот за финансии на Грција Евклид Цакалотос да се изготви нов предлог.
Сето тоа се прави одново, мерка по мерка. Тие ни нудат непроценлива помош, изјави претставник на грчката влада.
Цакалатос кој се прибра во Атина минатата ноќ, се состана со премиерот Ципрас и други високи претставници на грчката власт, за да разговараат за новите мерки – микс од кревање на даноците, намалување на трошоци и административни реформи.
Во оваа фаза третиот спасувачки пакет ќе биде во износ од 52 милијарди евра, кои Грција сака да бидат распределени за период од три години. Грчки медиуми исто информираат дека Меѓународниот монетарен фонд инсистира на поголема пакет – во износ од 60-70 милијарди евра. Доцна вчера ММФ објави дека е потребно дополнително намалување на долгот, бидејќи не е одржлив и земјата ќе има потреба уште од надворешна финансиска помош.
Грција има краен рок до денес да ја претстави програмата за реформи, која треба да биде разгледана од министрите за финансии на земјите од еврозоната и во неделата од лидерите на ЕУ на вонредната средба на врвот.
Во меѓувреме грчките пензионери се собираат пред банкарски филијали, за да добијат дел од пензиите поради банкарскиот контрола. Секој пензионер ќе добие максимум по 120 евра.
Утринава, претседателот на Европската централна банка Марио Драги предупреди дека решавањето на грчката криза ќе биде многу тешко.