Грција продолжува да сака да го предоговори својот долг- реформаторската листа премногу општа

од desk3
109 прегледи

Грција не се откажала од својата желба да предоговори својот долг, за да го направи податлив.

Тоа го изјави заменик-министерот за финансии на Грција Димитрис Мардас, цитиран од Ројтерс .

0786113001422269544_464947_600x458_actualno

“Владата не се откажала од своите барања во однос на целта да се направи долгот на земјата остварив”, изјави тој за финансискиот весник “Нафтемпорики”.

Актуелната влада на Грција дојде на власт во почетокот на оваа година со ветување дека ќе ги убеди доверителите од еврозоната да отпишат дел од долгот кон нив, кој во изминатата година достигна до 177% од БДП.

Меѓутоа, сепак, темата остана слабо засегната во последниве недели кога Грција почувствува финансиски тешкотии, а владата беше фокусирана на постигнување договор со своите кредитори по прашањето за реформите во земјата, чија цел е да отклучат преостанатото финансирање по спасувачката програма на Грција.

Земјата е загрозена да остане без средства по 20 април, ако не обезбеди надворешно финансирање од своите европски партнери, соопштија извори на Ројтерс минатата недела.

Во неделата, грчкиот премиер Алексис Ципрас претседаваше со вонредната средба на кабинетот, кој одобри листа со реформи и цели за примарна буџетски суфицит од 1,5% од националната продукција оваа година и раст од 1,4%, изјави извор од владата.
Подоцна денеска се очекува Ципрас да зборува пред парламентот за пакетот реформи, разгледан вчера од Владата.

Блиски до преговорите објавија дека владата на Алексис Ципрас се повлече по некои прашања, но недостасуваат детали во многу од реформите.

Ако не успее да го договори финансирањето, Атина може да ги заокружи средствата, пред да направи плаќање во вредност од 450 милиони евра кон Меѓународниот монетарен фонд следната недела. „Fitch“ го намали рејтингот на земјата до „значителен кредитен ризик“ заради “нејасна можност за навремено плаќање на долговите кон финансиски институции“.

Според претставници на администрацијата Ципрас направил отстапки по две од барањата на доверителите – зголемувањето на ДДВ на грчките острови и задржување на данок на недвижниот имот, кој Владата сака да ги укине.

Изгледа дека задржувањето на данокот е во центарот на новиот план, наведува „Financial times“. Благодарение на него во касата ќе влезат приближно 2,5 милијарди евра, што би требало да се зголеми примарниот буџетски суфицит до 3,5 милијарди евра за 2015 година.

Листата со реформи сепак не вклучува промени во трудовото законодавство и пензискиот систем, кои според доверителите се од најголема важност за обновување на спасувачката програма.

„Нема веројатност да бидат земени рецесиони мерки, без разлика дали станува збор за намалување на платите и пензиите или либерализацијата на законодавството на масовните отпуштања“, рекол Ципрас во вчерашна изјава.

Позицијата на владата не им се допаѓа на доверителите од еврозоната, кои не ја одобруваат намерата на Атина за приоритети на плановите за трошење на новите средства наместо економските реформи.

Институциите од „тројката“ – Европската комисија, Европската централна банка и ММФ – се на мислење дека реформите се уште се премногу нејасни, премногу оптимистички и со премногу малку детали.

Тие се обидуваат да ја натераат Атина да „ги засили“ предлозите, пред да ги претстави пред Еврогрупата.

„Целта ни е да ја направиме листата во нешто што содржи достапни детали кои се корисни“, коментира претставник на една од институциите.