Грција предупреди дека може и да не успее да направи плаќање на долгот кон Фондот на 5 јуни, ако не се постигне договор со доверителите за одблокирање на последната транша од спасувачката финансиска помош, соопшти телевизијата CNBC.
Атина итреба да исплати четири рати по долгот на вкупна вредност од 1,5 милијарди. Евра.Ако земјата не успее да постигне договор со доверителите, можно е да и се наметне излез од еврозоната. Според аналитичарите тоа би ги разнишало сериозно како европските, така и светските пазари. Премиерот Алексис Ципрас имал едночасовен телефонски разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, соопштија извори од владата.Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изрази оптимизам за постигнување договор до недела. Портпаролот на ММФ Вилијам Мареј одби да коментира кога може да се постигне такво, инсистирајќи дека “има уште многу работа да се направи”
