Грција се “истрампа” со кредиторите, a сега тоа ќе треба да им го објасни на гласачите

од desk3
103 прегледи

Не обврзаа да не правиме законски измени и да не превземаме унилатерални чекори кои ќе го загрозат нашето економско закрепнување, финансиска стабилност и фискалната состојба. Оваа посветеност е добра за нас. Понекогаш мора да се врзеш со јаже за јарболот на бродот, за да се спасиш од сирените кои тие демнат.

2110375099

Тоа го изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис откако Грција успеа да договори подобри услови за продолжување на спасувачкиот механизам.

Веста за договорот донесе смирување на светските берзи, каде што трговијата синоќа заврши на рекордно високо ниво.
Покрај заканите за излегување од еврозоната, заканите за договорени услови со Брисел и откажување од исполнување на нови реформи, грчката влада конечно го направи токму спротивното.

На одлучувачката средба со министрите за финансии од еврозоната, харизматичниот Јанис Варуфакис навидум се согласи со сето она што му наложија европските партнери.

Грција ќе добива пари од европските партнери во наредните 4 месеци, но е против заложба за конкретни и јасни реформи. Тие ќе бидат претставени од грчкиот кабинет во понеделник. Потоа земјите од еврозоната треба да ја донесат конечната одлука за доделување на финансиска помош.

Грција сепак се избори за најважното. Тројката кредитори нема да доаѓа секој квартал и да му вели на кабинетот кого да отпушта. Наместо тоа, владата ќе има иницијатива за реформи и ќе одлучува дали да отпушта чистачки или сомнително високо платени надворешни експерти – што Варуфакис го направи на својот прв ден на функцијата министер за финансии.

“Јасно е дека нема многу место за импровизации. По сето она што се изговори минатиот месец во Грција, на владата таму ќе биде многу тешко да го објасни договорот на своите гласачи “, рече финансиерот №1 на Германија Волфганг Шојбле.