Грчката влада ќе одвои 200 милиони евра за поддршка на граѓаните во тешка економска ситуација. Новиот предлог-закон, кој беше поднесен синоќа во парламентот, е првиот за новиот кабинет, кој цели да се бори со хуманитарната криза во земјата.
Политиката на “штедење” доведе до намалување на БДП на земјата во текот на кварталот, затворање на стотици илјади продавници, мали и средни претпријатија, а бројот на невработени достигна 1,5 милиони луѓе.
“Длабока рецесија, предизвикана од политиката на штедење и економска криза во последните шест години доведе до драматични социјални последици”, се вели во документот. “Овој закон има за цел да ја намали хуманитарната криза преку мерки кои овозможуваат пристап на сиромашните до основни стоки и услуги од прва потреба”, се наведува уште во законот.
За време на состанокот на владата минатата недела премиерот Алексис Ципрас изјави дека подобрувањето на животот на погодените од кризата е “главен долг” на владата, но тој повторно истакна дека Атина ќе продолжи да ја спроведува задачата да го балансира државниот буџет.
Првиот закон на владата ќе ги обнови приклучоцците со електричната мрежа на оние домаќинства кои не плаќале сметки за струја, поради недостиг на пари. Приоритет ќе се дава на луѓе кои се невработени подолго време, како и семејства со мали деца. Околу 300 илјади Грци добиваат купони за храна. Во законот се предвидуваат помош од 220 евра месечно за околу 30 000 семејства, кои не можат да си плаќаат кирија.
Од овие 200 милиони евра, распределени во 2015 година за надминување на последиците од мерките за штедење, 22 милиони евра ќе одат за слободените од електрична енергија, 40 милиони за неплатени кирии, а 137 милиони евра се наменети за обезбедување на бесплатна храна. / ТАСС
