Центарот во Лезбос ќе е една од петте “жешки точки”, каде имигрантите ќе бидат сместени и регистрирани при пристигнувањето во Европа.
Грција вети дека ќе отвори првиот центар од типот “жешка точка” до десет дена на о. Лезбос. “Ние ќе го почитуваме нашите обврски”, изјави за новинарите Јанис Музалас, заменик министер за внатрешни работи по прашањата на имиграцијата, додавајќи дека веќе почнале разговори со Турција за заеднички активности за подобро справување со приливот на бегалци.
Центарот во Лезбос ќе е една од петте “жешки точки”, лоцирани на грчките острови каде имигрантите ќе бидат сместени и регистрирани при пристигнувањето во Европа. “Жешките точки” во Грција и Италија, кои беа договорени за време на самитот на ЕУ на крајот од минатиот месец, ќе треба да помогнат за поделбата на бегалците од економските имигранти. Оние за кои се смета дека имаат причина да сакаат статус на бегалци, а потоа ќе бидат сместени во други европски држави, за да може да се олесни притисокот врз двете главни земји за влез во ЕУ. Оваа недела земјите од Унијата примија програма во рамките на која ќе бидат вратени во нивните матични држави економските имигранти кои немаат основа да бараат азил. Тоа се претежно имигранти од сиромашни африкански држави, а не бегалци од конфликтни зони. / АФП