Грција воведува доброволно воено служење за жени од 2026 година

„Треба да одиме чекор понатаму - да создадеме потребна инфраструктура, како и начин на размислување и култура, за да можат жените, доколку некогаш бидат потребни, да служат заедно со мажите во грчките вооружени сили“, додаде тој.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЕУ сили во БиХ

Грција ќе воведе доброволно регрутирање на жени во своите вооружени сили од 2026 година, а за таа цел ќе се создаде нова единица, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас, цитиран од онлајн изданието на весникот „Катимерини“.

„Следната година започнуваме со доброволно регрутирање на жени во вооружените сили. Ќе формираме единица од 100 до 150 волонтери за дополнително зајакнување на врската меѓу жените и нашите вооружени сили“, рече Дендиас синоќа, истакнувајќи дека жените во моментов сочинуваат околу 17 проценти од грчките вооружени сили.

„Треба да одиме чекор понатаму – да создадеме потребна инфраструктура, како и начин на размислување и култура, за да можат жените, доколку некогаш бидат потребни, да служат заедно со мажите во грчките вооружени сили“, додаде тој.