Грција зафатена од прашина од Сахара

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција, а појавата беше најизразена на полуостровот Пелопонез, особено во јужниот дел и градот Каламата.

Поради големата концентрација на африканска прашина, небото ја промени бојата во жолто-портокалова, а локалните медиуми од Каламата коментираат дека градот денеска повеќе наликува на Каиро или Дубаи.

Сахарската прашина денеска ја зафати и Атина, но со помал интензитет во споредба со јужните делови на Грција.

Слични содржини