Грците љубоморни и навредени: Европа нè брка нас, а ги остава Бугарија и Романија

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Гувернерот на најголемата грчка област- Атика, Рената Дуру, ја критикуваше политиката на Европската унија во однос на Грција. Според Дуру не би можело да се постигне решение на грчката криза, ако планот на Брисел е да ја избрка Грција од Еврозоната и ЕУ, пишува Spiegel.20150712.kvhjvbztqk

“Ние нема да најдеме решение, ако планот развиен за мојата земја, предвидува бркање на Грција од Еврозоната или намалување на платите и пензиите до нивото на оние во Хрватска и други балкански земји. Не треба да биде повикана Бугарија и Романија во ЕУ и со години да се водат преговори за членство со Турција, а Грција да биде гонета од европското семејство “, рече гувернерот на областа Атика.

“Излегувањето од еврозоната на која и да е страна би била катастрофа. Ние се трудиме, работиме и чувствуваме тешкотии. Ние го признаваме тоа. Но реално, по политиките на штедење во последните 5 години, едноставно не ни стигнуваат кадри “, додаде Рената Дуру.