Грците со соочуваат со сиромаштија

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Четворица од 10 Грци се борат да ги платат своите хипотеки или кирии и нивните сметки, а повеќе од половина од домаќинствата немаат средства да обезбедат хранлив оброк секој втор ден, покажа новото истражување на грчкиот Национален завод за статистика (ЕЛСТАТ) .

download (1)

Според експертите, едно домаќинство може да се категоризира со материјални проблеми ако исполнува најмалку четири од следните критериуми: тешкотии во исполнувањето на итни финансиска барања; неможноста да си дозволи одмор од најмалку една недела секоја година, неможност да обезбеди неговата исхрана да вклучува риба или месо барем секој втор ден, неможноста да плаќа греење кога е потребно, ако му недостасуваат основни апарати како машина за перење, телефон или телевизор во боја, неможност да ги отплати кредитите и да плати основни сметки.

Во 2015 година, 22,2 отсто од грчкото население исполнувало најмалку четири од овие категории, во споредба со 21,5 отсто во 2014 година и 12,8 отсто во 2005 година, соопшти ЕЛСТАТ.

Во најсиромашните домаќинства, 87,1 отсто се изјасниле дека не биле во можност да одат на одмор најмалку една недела секоја година, додека во домаќинства со средни приходи процентот изнесувал 44,8 проценти.

Во сиромашните домаќинства, 52,5 отсто не биле во можност да купат месо или риба секој втор ден, а процентот е значително помал – 1,8 проценти, во домаќинствата со средни приходи.

Вкупно 41 отсто од домаќинствата рекле дека имале проблеми со плаќањето хипотеки или кирија, додека кај сиромашните семејства овој процент изнесувал 64,7 отсто./МИА