Навивачите на Динамо од Загреб и нивните грчки соучесници, членови на навивачката група на ФК Панатинаикос, кои беа уапсени по смртта на 29-годишниот Михалис Кацурис, меѓусебно се обвинуваат за нередите пред ОПАП Арената во Атина, изјавиле полициски извори за грчкиот портал „Прототема“.
Навивачите на Динамо тврдат дека дошле во Атина за „психолошки да го поддржат“ својот клуб и да го гледаат натпреварот во атинските кафулиња.
Во исто време, ниту еден од 94-те хрватски навивачи кои беа уапсени не ја презел одговорноста за смртта на 29-годишниот навивач на АЕК. „Прототема“ наведува дека тие се однесувале „грубо“ на распитот во полиција. Во меѓувреме грчките навивачи биле ослободени.
Полицијата од уапсените навивачи на Динамо зела примероци од ДНК за да ги спореди со примероците што ги пронашла на местото на усмртувањето на фанот на АЕК.
Во исто време, уапсените навивачи на Динамо денска нешто по 12 часот според локално време биле изведени пред грчкиот јавен обвинител. „Прототема“ наведува дека безбедносните мерки под кои биле донесени биле „драконски“.
Се наведува дека досието доставено до обвинителот содржи само обвинувања за кривични дела. Најосновното меѓу нив е за членување во криминална организација.
Фото: REUTERS / Screenshot