Маж од Марино нападнал жена со која живеел во вонбрачна заедница, по што бил приведен од полицијата заради непочитување на судска забрана.
Според Основното јавно обвинителство во Скопје, инцидентот се случил на 25 мај, кога 45-годишниот осомничен, во алкохолизирана состојба, ја нападнал жената во нивниот дом. Тој ѝ нанесол удари со рака по главата и почнал да ѝ го притиска вратот, при што жената добила гребаници и модринки. Потоа истото го направил и со нејзината мајка, која била сведок на нападот. Двете жени биле згрижени во сигурносен центар за заштита од семејно насилство, со помош на полицијата.
Осомничениот претходно имал судска забрана да врши насилство и да се доближува на помалку од 100 метри до жената, но ја прекршил таа мерка, поради што бил приведен и против него е покрената истрага. Јавниот обвинител предложил притвор поради опасност од бегство.