Гренел: „Американските компании се шират во Албанија и Србија, но не и во Косово поради Курти“

од Илинка Илиоска
88 прегледи

Неколку дена пред парламентарните избори на Косово Гренел на социјалната мрежа Икс напиша дека администрацијата на Трамп работела и ќе продолжи да работи на мирот за сите на Балканот.

„Но потребни ни се сигурни партнери. Владата на Курти не беше кредибилна за време на првиот мандат на Трамп, како ни за време на мандатот на Бајден. И демократите и републиканците доследно го критикуваа Курти за преземањето еднострани акции кои го дестабилизираат регионот. Како и ЕУ и НАТО. Меѓународната заедница е обединета против Курти“, напиша Гренел.

Според него, „американските компании се шират во Албанија и Србија, но на Косово не се шират поради Курти“.

„Курти исто така беше против секоја американска идеја која ја понудија претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп. Реториката која Курти сега ја користи, тврдејќи дека е близок со САД и подобар од сите други косовски влади, е апсолутно лажна. Не дозволувајте да ве излаже“, напиша Гренел.

Слични содржини