Гренел: Договорот од Вашингтон e можност Балканот да се приближи до САД

од Vladimir Zorba

Договорот од Вашингтон е можност да се приближи целиот Балкан до САД, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател за Белград и Приштина, Ричард Гренел за српското радио „Чикаго“ во пресрет на претседателските избори, поради што ги повика Србите во САД да гласаат за Доналд Трамп.

„Нека прават што сакаат, ние не сме ЕУ, фокусирани сме на економскиот развој. Американците го прават тоа многу добро, Доналд Трамп е повеќе од одличен, затоа работиме на економска нормализација, концентрирани сме да работиме повеќе и да зборуваме помалку, возбудени сме за акции и да се спроведат проекти за доброто на населението. Двете страни се возбудени, ние сме возбудени, тоа ќе се случи, а ја оставивме ЕУ да води политички разговори кога и како сака“, рече Гренел.

Слични содржини