Гренел повторно се огласи: УСАИД троши милијарди во Западен Балкан!

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Ричард Гренел, кој официјално ја презеде функцијата емисар на специјалните мисии на САД, повторно се фокусираше на трошоците, според него алармантни, што УСАИД ги прави на Западен Балкан.

Вредните Американци плаќаат даноци, а политичарите во Вашингтон непромислено ги трошат тие пари“, тврди Гренел на социјалната мрежа Х.

Според него, милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации за промовирање радикални политики во други земји. Податоците што ги дистрибуира Гренел покажуваат дека УСАИД на Косово за 4 години потрошила 537 милиони долари, додека во Албанија 189 милиони долари.

Вкупните расходи во сите земји од Западен Балкан се 1,7 милијарди долари. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно објави дека ја презел функцијата вршител на должноста директор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), што според него било целосно неодговорно.

Како што е соопштено, претседателот Трамп наредил затворање на УСАИД, а вработените во понеделникот биле известени да останат дома…

Слични содржини