Гренланд реагира на говорот на Трамп: „Не можете да не купите“

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Гренландскиот премиер Муте Буруп Егеде одговори на новите територијални претензии на Трамп кон островот и рече дека Гренланд не е на продажба.

Премиерот Егеде се осврна на говорот на Трамп пред Конгресот на САД, во кој тој повторно се осврна на статусот на Гренланд.

„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните. Ние не сме Американци, не сме Данци затоа што сме Гренланѓани. Американците и нивните лидери треба да го разберат ова, не може да бидеме откупени и не може да бидеме игнорирани. Иднината на земјата ќе ја одредиме ние во нашата земја, се разбира“, рече премиерот.

Инаку, Трамп во својот говор рече дека Америка ќе го направи Гренланд попросперитетен.

„Ќе ве заштитиме, ќе ве збогатиме и заедно ќе го однесеме Гренланд до височини на кои досега не сте мислеле дека се можни“, рече Трамп.

Како што додаде, тоа е „многу мало население, многу, многу големо парче земја и многу, многу важно за воената безбедност“.

Слични содржини