Гренланд возвраќа: Граѓаните почнаа да бојкотираат американски стоки

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Жителите на Гренланд почнаа да ја бојкотираат американската стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, објави денеска локалната радио станица KNR.

– Парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп. Треба да им дадеме до знаење на Американците дека тоа што американскиот претседател го зборува за нашата земја е неприфатливо – изјави Миник Ланге, иницијатор на Фејсбук групата „Бојкотирај американски производи на Гренланд“.

– Направив страница за да го покажам мојот тивок бес поради изјавите на претседателот на Америка. И поради неговото непочитување кон Гренланд. Можеме да бидеме повнимателни за тоа што купуваме. Би можеле да купиме повеќе стоки од Европа или од Канада – рече тој.

Од основањето на страницата на 4 март, се пријавиле 1.700 членови.

Данска група со слично име, „Бојкотирам американски производи“, веќе има повеќе од 89.000 претплатници.

Слични содржини