Грешката што ја правиме при пржење јајца, поради што немаат вкус како во ресторан

од Nikola Popovski

Совршено пржените јајца се меки. Ако ги пржите јајцата на висока температура, најверојатно ќе ги преварите и ќе ги исушите.

Јајцата се неисцрпен извор на кулинарска инспирација и исклучително флексибилна состојка што ја додаваме во солените јадења и десерти. Не им треба долга термичка обработка или многу адитиви за да имаат добар вкус. Затоа е важно да се следат одредени правила при нивното подготвување, пренесува „Punkufer“.

Најголемата грешка што можеме да ја направиме при подготовката на јајцата е да не им го посветуваме вниманието што го заслужуваат. Што точно значи тоа?

Не ги вадете јајцата навреме од фрижидер

Извадете ги од фрижидер и оставете ги да дојдат на собна температура пред да ги подготвите. Готвачите ширум светот се согласуваат дека јајцата на собна температура имаат подобар вкус и покремаста текстура по термичка обработка.

Не ги матете доволно

Изматените јајца во најдобрите хотели се меки. Доколку сакате да ја постигнете таа мекост, добро изматете ги јајцата пред пржењето.

Искршете ги јајцата во голем сад и добро измешајте ги со вилушка или изматете додека целосно не се соединат белките и жолчките. Потоа протресете ги најмалку 60 секунди.

Ги пржите на превисока температура

Совршено пржените изматени јајца се меки и кремасти. Ако ги пржите јајцата на висока температура, најверојатно ќе ги преварите и ќе ги исушите.

За да не се случи тоа, загрејте ги полека и на умерена температура. Пониската температура ви гарантира подобра контрола врз крајниот резултат.

Ги пржите предолго

Јајцата тргнете ги од оган пред целосно да се испржат, советуваат кулинарските мајстори. Топлината во тавата ќе продолжи да ги готви дури и откако ќе го исклучите шпоретот и ќе ги завршите правилно.

Во моментот кога ќе ги префрлите пржените јајца во чинија и ќе ги послужите, тие ќе бидат совршено испржени.

Не додавате масло

Во тава со нелепливо дно можете да пржете матени јајца без маснотии. Но, ако уживате во јајца како од најдобрите ресторани, пропржете ги со малку масло и/или путер.

Слични содржини