Грешки кои ги правиме кога станува збор за витамините

од Stefanija Kuzmanovska
604 прегледи

Витаминските суплементи се едни од најпродаваните фармацевтски производи и сосема нормално е да имаат и лојални корисници, но и такви кои се против нивно користење.

Од различни гледни точки, и двете групи се во право, но само делумно, односно и двете групи прават одредени грешки во однос на витамините.

Еве кои грешки ги правиме кога станува збор за витамините:

Земате витамини само кога сте болни

Дури и кога не ја примаат доволната доза на витамини вообичаено, луѓето имаат навика да земаат и повеќе отколку што треба кога се разболуваат. Редовното земање на витамини ќе ви помогне разболувањата да станат што поретки.

Мислите дека сите витамини се исти

Ако добро прочитате на самото пакување, ќе забележите разлика во активните состојки на додатоците во исхраната. Исто така, голема улога игра дали витаминот е фармацевтски синтетизиран или е издвоен од некој природен продукт.

Ако јадете овошје и зеленчук, не ви требаат суплементи

Ако сте на некоја диета или специфичен начин на исхрана, со која се прекинати одредени извори на витамини, морате да ги надополните со додатоци во исхраната. На пример, веганите и вегетаријанците често имаат дефицит од витаминот Б-12, па мораат да го земаат во форма на капсули или таблети.

Воопшто не земате витамини

На вашето тело му се потребни сите нутритивни состојки за правилно да функционира. Витаминот А помага во одржување на нервните клетки, витаминот Д ви е потребен за да го процесира калциумот, витаминот Е за да се бори против слободните радикали. Консултирајте се со својот лекар за тоа кои витамини имате потреба да ги земате дополнително.

Слични содржини