Грешки кои ги правите при користење маска за лице

од Elena Daskalova
143 прегледи

Негата е составен дел од животот на речиси секоја жена која се грижи за својата кожа. Но, уште поважно од тоа редовно да го негуваме лицето е тоа да го правиме правилно.

Маските за лице се еден од најомилените козметички производи, најпрво затоа што ни дозволуваат да уживаме во своевиден домашен спа-третман, а во исто време и да знаеме дека правиме нешто за себе. Но, дали сте знаеле дека и при користење маска за лице веројатно правите грешки.

Исто како што избирате креми и тоник соодветно на типот на кожата, тоа треба да го правите и со маските. Ако имате сува кожа, потребна ви е хидратантна маска за лице. За масна кожа, добра е маската на база на глина.

Маската генерално се нанесува на добро измиено лице, бидејќи во спротивно со нејзе ги лепите на кожата нечистотиите и бактериите и ги потхранувате. Исто и рацете мора да ви бидат измиени пред да ја нанесете, а уште подобро е тоа да го направите со специјално наменета четка.

Откако ќе ја измиете или отстраните маската, нанесете серум, а потоа и дневен или ноќен крем, во зависност кој дел од денот е.

За продолжено дејство, постојат и ноќни маски кои имаат најчесто текстура на гел, се нанесуваат пред спиење, се оставаат цела ноќ и утрото лицето се измива и се применува дневната рутина за нега.

Слични содржини