373
Активистката Грета Тунберг ќе добие огромен мурал, насликан во центарот на Сан Франциско, а на него ќе работи муралистот Андре Иглесијас.
Тој се претставува со псевдонимот Кобра. Се очекува делото да биде готово следната недела. Артистот се надева дека со ваквиот потег, луѓето ќе сфатат дека мора да се грижат за светот.
Него го ангажиеала една невладина организација, која планира уште неколку слични активности поврзани со најпознатите активисти за заштита на животната средина.
Овој уметник претходно го има насликано муралот со Робин Вилијамс, кој подоцна беше уништен.