Грета Тунберг дојде на гости во Тетово

од Nikola Popovski
124 прегледи

Познатата шведска активистка за животна средина и климатски промени, Грета Тунберг, вчера била во Тетово – барем така може да се забележи од објавите на социјалните мрежи.

Таа ги посетила активностите во работењето на новите простории на Општествено-културниот центар Тетово.

„Го посетивме новиот простор каде што се селиме, каде што во текот на изминатата недела, волонтери од нашата заедница, заедно со повеќе од сто волонтери од нашата меѓународна мрежа во Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, интензивно работеа за да ја овозможат оваа транзиција“, информираа од Oпштествено-културниот центар.

Свеченото отворање на новиот простор ќе се одржи утре со почеток во 18:00 часот, информираа организаторите. Тие ги повикуваат сите поддржувачи, пријатели и заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот.

Пред да дојде во Македонија, Тунберг учествуваше на пропалестински протест одржан во Тирана, Албанија.

Шведската активистка неодамна беше депортирана од Израел поради обид да достави хуманитарна помош до цивилите во Газа каде што владее хуманитарна криза. На 10 јуни, бродот „Мадлин“ беше запрен од израелските сили во меѓународни води, по што Тунберг се врати во својата држава.

Слични содржини