Грета Тунберг и активисти блокираа делови од фабрика за преработка на гас

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Шведската климатска активистка Грета Тунберг и членовите на еколошката група „Бунт против истребување“ денеска блокираа мал нафтен терминал кој е дел од норвешкиот капацитет за преработка на гас „Kårstø“.

Со ова не е загрозен извозот на гас од таа фабрика наменета за Европа, соопштија од компанијата за обезбедување технички услуги Equinor, пренесе агенцијата Ројтерс.

„Активистите се обидуваат да го блокираат нашиот нафтен терминал од морето, како и преку некои влезови на брегот“, рече портпаролката на компанијата.

Слични содржини