Грета Тунберг од Давос: Треба да ја слушаме науката, ништо не направивме во врска со климатските промени (видео)

од Nikola Popovski
336 прегледи

Грета Тунберг, светски познатиот активист за климатски промени, одржа говор денес на годишниот собир на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Грета е најмладата учесничка на Светскиот економски форум во историјата. Тема на годинешниот состанок е како деловните иницијативи за заштита на животната средина, преквалификација на вработените и инвестиции во обновливи извори на енергија помагаат да се постигнат подобри глобални услови за живот.

На панелот ќе биде претставен и американскиот претседател Доналд Трамп кој пристигнува со авион утрово во Швајцарија. Неговиот говор е предвидено да започне во 11:30 часот претпладне.

„Треба да започнеме да ја слушаме науката“

Панелот, или организираната јавна дебата, започна со објавување на краток филм за новиот бран на млади климатски активисти ширум светот. Грета тогаш сподели некои информации за неверојатните 18 месеци од нејзиниот активизам и борбата против климатските промени, пишува „Гардијан“.

„Се случија многу работи што никој не можеше да ги предвиди, што го активираа ова движење. Јас не бев сам во ова, многу млади луѓе ширум светот учествуваа во создавање на ова движење“, рече Грета на панелот.

“Но, во исто време, не постигнавме многу затоа што глобалните емисии на стаклените гасови сè уште се зголемуваат. Треба да започнеме да ја слушаме науката и да го третираме ова како сериозна криза. Ако не ги третираме климатските промени како криза, нема да можеме да го решиме проблемот”, додаде таа.

На панелот учествуваа и други млади активисти: Салвадор Гмез-Колон, 16-годишен климатски активист од Порто Рико, Наташа Ванг Мванша, 18-годишен активист од Замбија и Есен Пелтиер, 15-годишен активист од Канада.

На прашањето до младите активисти како се справуваат со критиките, Пелтиер рече дека таа и нејзината мајка добиле многу негативни коментари, но ги игнорирала. Грета Тунберг одговори на прашањето така што прочита еден дел од извештајот на ИПЦЦ за климатските промени наместо одговоро.

Таа прочита колку време ни останува ако сакаме глобалниот пораст на температурата да остане под 1,5%.

„Со денешното ниво на емитување, имаме нешто помалку од осум години. Тоа не е нечие мислење, тоа е наука. Ги повторувам овие бројки во скоро секој говор што сум го направила во последните 18 месеци. Знам дека не сакате да ги пријавите тие бројки, но јас ќе продолжам, сè додека вие не го сторите тоа “, рече Тунберг.

Слични содржини