Грета Тунберг ослободена откако беше приведена заедно со други активисти

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Климатската активистка Грета Тунберг денеска беше ослободена откако беше приведена заедно со други активисти за време на протестот против уривањето на село во Германија за проширување на рудник за јаглен, соопшти полицијата.

Според полицијата, Тунберг била ослободена по проверка на идентитетот, пренесува „Ројтерс“.

Тунберг беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени денеска за време на протестот против ископ на јаглен во рудник во близина на германското село Лицерат.

Полицијата претходно за Би-Би-Си изјави дека Тунберг не е уапсена и дека ќе биде ослободена откако ќе се провери нејзиниот идентитет, како и дека и другите приведени демонстранти ќе бидат ослободени без обвинение по проверката на идентитетот.

Тунберг, 20-годишна шведска активистка за климата, од минатиот петок се појави неколку пати на протест во областа Лицерат, меѓу Ахен и Дизелдорф, по одлуката да се започне со ископување на лигнит во селото.

Слични содржини