263
Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека Германија историски е еден од најголемите загадувачи на природната средина во светот, објави денеска „Велт“.
Тунберг за телевизијата АРД изјави дека загадувањето што се случува во Германија не останува само во таа земја.
Тунберг е 20-годишна девојка која од минатиот петок неколкупати се појавила на протест во регионот на селото Рајна Лицерат по одлуката да започне ископување на лигнит во тоа село.