Шведската климатска активистка Грета Тунберг вели дека е „отворена“ за средба со американскиот претседател Џозеф Бајден на Самитот на Обединетите нации за климата во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, но додава дека не очекува ништо од Бајден, ниту од самиот самит.
Тунберг рече дека била изненадена од идејата дека американскиот претседател или кој било друг светски лидер сака да се сретне со неа на самитот, но дека е отворена за таа можност.
-Мислам дека зависи од ситуацијата. Не гледам зошто овие луѓе би сакале да се сретнат со мене, но да, рекла тинејџерката.
Тунберг изјави дека очекува дека на самитот ќе се слушнат „многу убави говори и убави ветувања“, но дека работите ќе останат исти.
Ние сме толку заостанати со она што треба да се направи. Можеби лидерите кои се искрени ќе создадат итна атмосфера што ќе ги разбуди луѓето, рече таа.