Грета Тунберг повика на промена во начинот на производство на храната

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Шведската активистка, Грета Тунберг, во саботата повика на промена во начинот на производство и консумирање храна низ целиот свет за да се спротивстави на емисиите на јаглерод, епидемии и страдања на животни.

На видеото што го објави на Твитер во саботата, Тунберг рече дека влијанието на земјоделството врз животната средина и болести како што е Ковид-19, за кои се верува дека потекнуваат од животни, ќе се намали доколку се промени начинот на производство на храна.

„Нашиот однос со природата е уништен. Но, односите можат да се променат“, рече Тунберг на Меѓународниот ден на биодиверзитетот.

Фокусот на земјоделството и поврзувањето на климатската криза со пандемиите е нов пристап на младата активистка, која инаку го насочува својот гнев кон креаторите на политики и емисиите на јаглерод од фосилните горива.

„Климатската криза, еколошката и здравствената криза се поврзани“, рече Швеѓанката.

Тунберг рече дека ширењето на болеста од животни кај луѓе е предизвикано од земјоделски методи, додавајќи дека преминот на диета од растителна основа може да заштеди до осум милијарди тони јаглерод диоксид годишно.

Светската здравствена организација соопшти дека коронавирусот најверојатно се шири од лилјаци на луѓе преку друго животно, додека научниците истакнуваат дека 60 проценти од заразните болести што се случиле помеѓу 1990 и 2004 година потекнувале од животни.

Во меѓувреме, светската побарувачка за алтернативи на месо расте поради загриженоста за здравјето, благосостојбата на животните и животната средина.

Десетици компании тестираат лабораториски одгледувани риби, говедско и пилешко месо, со надеж дека ќе навлезат во неиспитан дел од алтернативниот пазар на месо, за кој „Баркли“ проценува дека ќе вреди 140 милијарди долари до 2029 година

Глобалниот центар за адаптација, кој работи на забрзување на отпорноста на климата, во јануари објави дека климатските промени можат да го намалат глобалното производство на храна до 30 проценти, додека зголемувањето на нивото на морето и силните бури може да раселат стотици милиони луѓе од крајбрежните градови.

Слични содржини